13 April 2012

Моќната камера на НАСА снимила слон на Марс



Камерата HiRISE на НАСА направила квалитетни фотографии од засушената лава која на површината на Црвената планета создала облик на слон.

Најмоќната камера која луѓето до сега ја пратиле во вселената на Марс снимила облик кој неодоливо потсетува на глава од слон!

Имено, камерата HiRISE на НАСА направила квалитетни фотографии од засушената лава која на површината на Црвената планета создала облик на слон.

"Ова е одличен пример за феноменот кој го нарекуваме пареидолија. Тогаш ги гледаме работите кои всушност не се таму.", рекол планетарниот геолог Алфред МекИвен.

Додал дека 'слонот' се наоѓа во регионот Elysium Planitia, најмладиот на Марс бил прекриен со лава.




Извор:Точка

No comments: