Јужнокорејската компанија „Самсунг електроникс“, која е најголем
светски производител на мемориски чипови, објави дека планира да
инвестира седум милијарди долари во изградба на фабрика за чипови во
Кина.
„Самсунг“ првично ќе вложи 2,3 милијарди долари во фабрика за
производство на чипови за смарт телефони, таблет уреди и мп3 плеери, а
инвестициите постепено ќе се зголемуваат.
Компанијата се обидува да го искористи растот на кинескиот пазар, но
истовремено стравува од „истекување“ на технолгии и нивно неовластено
користење.
Кинеските власти ја одобрија изградбата на фабриката претходно оваа година, објави Би-Би-Си.
„Самсунг“ во соопштението наведува дека новиот погон ќе помогне да се
одговори на забрзаниот раст на побарувачката меѓу корисниците и
дополнително да се подобри конкурентноста во индустријата на мемориски
компоненти.
Се очекува производството да започне кон крајот на 2013 година.
Кина во изминатите неколку години се разви во светски центар за
производство на електронски уреди. Компаниите како „Фокскон“
произведуваат смартфони и таблет уреди за најголемите светски компании.

No comments:
Post a Comment