Постојат разни мотиви зашто некои луѓе му се “предаваат“ на криминалот, па со самото тоа и разни видови на криминалци, но овие десет лица кои ви ги претставуваме, навистина ја заслужуваат титулата “најбизарни криминалци“.
Една жена во Јужна Дакота останала вчудоневидена кога во својот дом затекнала непозната жена како го дои нејзиното дете. Исплашената жена веднаш повикала полиција, а “доилката“ мирно чекала да ја уапсат. Оваа 24 – годишна девијка чие име не било откриено, ќе биде обвинета за упад на туѓ имот.
2. Родениот брат на Елвис Присли

Марк Лешер бил уапсен поради напад, а во обидот да се извлече од затвор и да се спаси од казна на полицијата и рекол дека е роден брат на Елвис Присли и добар пријател со поранешниот претседател на САД Џорџ Буш. А да... Да не заборавиме: тој бил и директор на ЦИА!
3. ИТ експерт уринирал по столиците на колешките

Рејмонд Фоли се чинел како обичен ИТ техничар во една осигурителна компанија, се’ додека со помош на камерите за надзор, не се открило дека тој со месеци уринирал по столиците на неговите млади и згодни колешки во компанијата.
4. Ја гледала ќерка си во стриптиз бар

Полицијата ја привела Кристина Лопез откако била пријавена од сопствениците на еден стриптиз бар во кој како стриптизерка работела нејзината 17 – годишна ќерка. Кристина била приведена заради тоа што го гледала стриптизот на нејзината малолетна ќерка.
5. Гол бегал од полицијата

Метју Ибари, бегалец од Флорида, кого полицијата го барала поради напад на еден роднина, бил уапсен откако гол излегол од автомобилот на патот кон Џорџија. Најверојатно мислел дека ќе биде побрз од полицискиот автомобил ако трча без облека.
6. Плашел жени со лажни гениталии

Џејкоб Ли Бови е обвинет за недолично однесување бидејќи со лажни гениталии плашел жени во кампусот на еден колеџ во државата Мериленд.
7. Ограбил касичка – прасе

Џејсон Енџел (21) од Питсбург бил приведен бидејќи не се појавил на сослушувањето пред судијата бидејќи претходно украл 400 долари од касичка – прасе од едно двегодишно детенце.
8. “Шопингувал“ само во чорапи

Вердон Тејлор тргнал во шопинг, но прво се соблекол до гола кожа, па потоа влегол во “Волмарт“, каде потоа облекол само чорапи и продолжил да шета низ продавниците. Непотребно е да се наведе дека веднаш се нашол со лисици на рацете.
9. Во кражба со полицајци

Тимоти Кларк баш и немал среќа кога одлучил да ограби една продавница од ланецот “Волмарт“, бидејќи токму тој ден група полицајци волонтирала во акцијата “Купувајте со вашиот полицаец“.
10. Предизвикала судир бидејќи момчето не сакало да ја носи на кино

Оливиа Орнелас била уапсена во Илиноис поради возење во алкохолзирана состојба и судир. Девојката тврдела дека не била таа виновна за судирот, туку момчето кое и ветило, а не исполнило, дека ќе ја носи на кино да го гледаат продолжението на култниот “Самрак“.
No comments:
Post a Comment