Иако Фејсбук од самите почетоци тврди дека приватноста на нивните корисници им е на прво место, константно се соочени со критики од страната на иститите тие корисници.
Креаторите на Фејсбук така пред две години вовеле опција "Download your information" за да ја направат побезбедна оваа социјална мрежа. Со таа опција корисниците можеле да превземеат одредени податоци кои Фејсбук ги собирал за нив.
Меѓутоа, сега објавиле дека имаат во план да ја прошират таа опција и да ја зголемат количината на податоците кои страната ги поседува за секој корисник. Со тоа секој корисник ќе може да добие увид во IP адресите со кои би се спојувал на својот профил, сите податоци за логирање, историја за барања за пријателство и податоци како и активација и бришење на профилот.
Експертите тврдат дека и најпопуларната социјална мрежа на светот се одлучила за ова поради се построгите закони на ЕУ и приватноста на интернет.
No comments:
Post a Comment