
Едно лице загина, додека 11 се повредени во
несреќата која изминатата ноќ се случи во јужниот дел на Москва, кога
солитер во изградба се урна и затрупа работници од ноќната смена, од
кои десет се задржани во болница.
Иако веднаш по несреќата се шпекулираше дека под урнатините се
наоѓаат 17 лица, спасувачките екипи со кучиња трагачи потврдија утрово
дека нема повеќе затрупани.
Според податоците на полицијата, се урнале сите седум ката на градбата за време на налевање бетон.
Површината на градбата која целосно се урнала е околу 2.500 метри квадратни, а била наменета за деловен центар.
Инспекторите веднаш по несреќата излегоа на терен, а како што наведоа
во изјавите, тие ја разгледуваат можноста за покренување кривични
пријави против одговорните лица.
No comments:
Post a Comment