Молитва за
упокојување на душите на петтемина убиени кај Смиљковското езеро вечерва
се одржа во Соборниот храм Свети Климент Охридски. На верскиот обред
кој го водеше отец Сашко Николовски, присуствуваа семејствата на
загинатите, блиски роднини и пријатели. Со молитвата помагаме душите на
Александар, Цветанчо, Кире, Филип и Борче да бидат поблиску до Бога во
редот на оние што во земскиот живот правеле добри дела, рече во
молитвата отец Николовски.
На мирна манифестација на револтот за петкратното свирепо убиство повика и Ацо Стефковски, брат на убиениот Борче Цветковски од Црешево. На властите е да ги откријат убијците, а наше е да тажиме и жалиме, рече Стефковски.
Инаку од вечерва во организација на неколку невладини организации почна донаторска акција за собирање средства за помош на семејствата на убиените.
No comments:
Post a Comment