Меси, Марадона, Пушкаш, Хенто, Џајиќ, Уго Санчез, Раул, Футре, Стоичков, Роберто Карлос, Кемпес, Савичевиќ – само се некои од асовите на кои левата нога им донесе светска слава

Во секојдневната спортска терминологија не е реткост да се слушнат фрази како овие: „Добивме некои леваци“, „Како можевте да изгубите од леваци“ или „Ма пушти го, левак“. Значи, уличниот жаргон упатува на заклучокот дека (исто така уличниот) термин „левак“ во најмала рака означува лице со ограничен талент за активноста со која се бави. Нема друго објаснување за нелогичната и неточна употреба на овие зборови, освен веројатна предрасуда дека лицата кои примарно се служат со левата рака или левата нога се многу помалубројни и дека како такви се „поинакви“.
Меѓутоа, дали леваците се толку голема реткост? Прецизни податоци за нивниот број нема, но според едно истражување, околу 200 милиони луѓе повеќе и подобро се служат со левата рака или левата нога, што во однос на околу 7 милијарди жители на Земјата и не е малку. Според истото истражување, регионите во светот во кои се раѓаат најмногу леваци се јужна Азија и источна Европа. Во Шпанија се проценува дека од 47 милиони жители има меѓу 10 и 15 отсто леваци, а интересно е (и не може да се објасни) дека има повеќе мажи од жени, мажи има 13 отсто, а жени 9 отсто.
НЕОБЈАСНИВОДокторите и воопшто научниците немаат прецизно објаснување зошто некој е левак. Теоријата која доминира поаѓа од претпоставката дека детето уште во стомакот на мајката ги користи рацете и во зависност од тоа која рака е поблиску до устата, произлегуваат подоцнежните карактеристики. Друга претпоставка е дека причините лежат во мозочната кора, чија десна страна ја контролира левата рака и обратно, но сето тоа е во фаза на претпоставки. Тука нема да се занимаваме со „феноменот на леваците“ од научни гледни точки. Потттикнати од неверојатните игри и голови на Меси, Аргентинец во дрес на Барселона, ќе се обидеме да потсетиме на големите фудбалери кои светска слава стекнаа како леваци.
„Мене лично ми е мило што сум левак... Не би можел со сигурност да тврдам дека тоа ми донесе некоја предност, но не можам да се замислам како деснак. Во фудбалот нема повеќе од 25-30 отсто играчи кои повеќе ја користат левата нога, а ретки се ако воопшто и постојат тие кои подеднакво добро играат со двете нозе. Порано децата кои пишуваа со лева рака ги тераа да преминат на десна и се сметало дека пишувањето со лева рака е некаква аномалија, но денес за среќа повеќе не е така“, вели за НИН Драган Џајиќ, најдобра „левица“ во историјата на српскиот па и на југословенскиот фудбал.
„Мене лично ми е мило што сум левак... Не би можел со сигурност да тврдам дека тоа ми донесе некоја предност, но не можам да се замислам како деснак. Во фудбалот нема повеќе од 25-30 отсто играчи кои повеќе ја користат левата нога, а ретки се ако воопшто и постојат тие кои подеднакво добро играат со двете нозе. Порано децата кои пишуваа со лева рака ги тераа да преминат на десна и се сметало дека пишувањето со лева рака е некаква аномалија, но денес за среќа повеќе не е така“, вели за НИН Драган Џајиќ, најдобра „левица“ во историјата на српскиот па и на југословенскиот фудбал.
Друг соговорник на НИН, поранешниот голман на Партизан и репрезентацијата Иван Ѓурковиќ, ги објаснува леваците од позиција на голман: „Тешко е да се тврди со сигурност, но би рекол дека леваците во играта имаат предност. Основна карактеристика им е непредвидливоста. Бидејќи се помалку во однос на деснаците, тие се поретки и понеобични. Исто така, речиси сите имаат одличен центаршут, со многи ефеа, така топката ‘бега’ од голманот. Исто така, повеќето леваци одлично изведуваат слободни удари. Уште би додал дека речиси сите големи фудбалски леваци имале слаба десна нога. Јас сум роден деснак, но во текот на фудбалската кариера многу ја усовршив играта со лева нога и главно подобро играв со лева“. Џајиќ истакнува интересен детал: „Душан Савиќ и јас со Убо Бора Костиќ од Обреновац; значи тројца истакнати леваци на Црвена Ѕвезда, сме родени на далечина од 25 километри. Секако, географијата нема врска со темата, но податокот е интересен“.
Џајиќ признава дека е голем „фан“ на Меси: „Неговата игра е олицетворение на совршенство. Покажува неверојатна смисла за игра и ретко видена голгетерска вештина“.
Џајиќ признава дека е голем „фан“ на Меси: „Неговата игра е олицетворение на совршенство. Покажува неверојатна смисла за игра и ретко видена голгетерска вештина“.
МАЈСТОРИ
Леваците во принцип се мајстори за слободни удари кои ги изведуваат со многу „фелш“ и со исклучителна прецизност, иако имало и такви како Бора Костиќ или во поново време Бразилецот Роберто Карлос, кои повеќе сметаат на силината на шутот отколку на филигранска прецизност. Леваците обично играат покрај левата аут-линија, но има и случаи каде тренерите од тактички причини, леваците ги преместуваат на десна страна, како во ракометот, за да можат нивните дриблинзи да одат кон внатрешниот дел од теренот. Дејан Савичевиќ во Ѕвезда често знаеше да се најде на десното крило од каде со дриблинзите кон шеснаесетникот создаваше простор за шут со својата убиствена левица. Денес така игра Арјен Робен, одличен Холанѓанец во дресот на Баерн од Минхен, а и Меси често знае да појде од десна страна, па со дриблинзите да направи простор за шут.

Леваците традиционално носат дрес со број 11 ако играат во напад, 10 ако се во поврзан ред или на позиција на полу шпиц, 9 ако се исклучително добри голгетери или 3 ако се на позиција на лев бек.
Анализата на шпанската Примера покажа интересен податок дека од 478 играчи во 20 клубови, дури 109 (22,8 отсто) се леваци, од кои 68 Шпанци. Значи, во Примера секој четврти играч е левак. Прва е Валенсија која има дури девет фудбалери кои подобро играат со лева нога. Во репрезентацијата на Србија денес има неколку леваци: Александар Коларов, Зоран Тошиќ, Милан Јовановиќ, Иван Обрадовиќ, Синиша Михајловиќ, Дејан Савичевиќ, Љубинко Друловиќ...
Од листата (според сеќавање, сигурно некого и ќе заборавам) на најпознатите леваци од просторот на Србија, поранешна Југославија и светот, заклучокот за дебатата дали леваците се во предност го препуштаме на читателите. Ако го земеме предвид ставот на авторот, најголемите и најдобри леваци кои имал можност да ги види биле Ференц Пушкаш (само на ТВ), Марадона, Меси, Џајиќ и Савичевиќ. Втората „петорка“ би биле Футре, Ривалдо, Хаџи, Кемпес и Уго Санчес.

Извор: Сител
No comments:
Post a Comment