Египќанец се изненадил додека на интернет гледал порно филмови и во еден од нив како главна ѕвезда ја видел неговата сопруга. Поради шокот што го доживеал мажот се струполил на подот во интернет кафулето каде што гледал, а откако се соземал заминал дома за да се соочи со неговата сопруга, пишува „Emirates 24/7“. Сопругата на почетокот тврдела дека не е таа на снимката и почнала да му се дере на мажот зошто гледал филмови со таква содржина.
Кога сфатила дека веќе нема смисла да лаже, жената решила да го признае неверството. Таа со нејзиното поранешно момче снимила порно филм, а на сопругот му кажала дека никогаш не била вљубена во него.
„Пронајдов 11 филмови во кои се мојата сопруга и нејзиниот љубовник. Прв пат во животот гледам порно филмови и тоа од љубопитство. На почетокот таа ме лажеше, велеше дека сум луд. Кога и ги покажав филмовите што ги снимила ми призна дека е вљубена во поранешното момче“, раскажал несреќниот сопруг за египетските медиуми.
Извор: Канал5
No comments:
Post a Comment