Најновата диета која води до невестински фустан од соништата и фигура која ќе одговара на фустанот, е К-Е диетата – станува се попопуларна меѓу невестите кои имаат десетина килограми вишок. Диетата подразбира подготвеност невестата десет дена пред свадбата да носи цевче во носот преку кое прима хранливи течности но не јаде ништо. За тие десет дена ја добива посакуваната фигура со 7 до 10 килограми помалку.
Преку цевчето се внесуваат 800 калории дневно.
- Тоа е ефикасен начин на слабеење без гладување. За неколку часа исчезнува чувството на глад и апетитот. Најдобро е тоа што пациентите во текот на десетте дена додека не јадат, воопшто не се чувствуваат гладни – вели д-р Оливер Ди Пиетро за „ABC news“.
Хранливата течност која ја внесуваат преку цевчето пациентите ја носат со себе, хоспитализација не е потребна. Несаканите ефекти од диетата која трае точно 10 дена се непријатен здив и можни проблеми при празнењето !
41 годишната Џесика Шнајдер е една од невестите кои се решиле на оваа диета. Таа била очајна што пред венчавката не можела да ослабне 5 килограми колку што сметала дека има вишок.

- Беше тешко, десет дена не смеев ништо да јадам, а луѓето ме прашуваа дали сум многу болна па морав да објаснувам дека не сум и не умирам – вели Џесика.
Шнајдер го носела цевчето 8 дена бидејќи за тоа време ослабела 5 килограми, колку што сакала.
Д-р. Ди Пиетро наплатува 1 500 долари за оваа диета. Нова е во САД, а во Европа се применува со години. Ди Пиетро вели дека фотографиите пред и потоа ја продаваат сами диетата. Но, критичарите предупредуваат дека брзото губење на килограмите не е здраво, а и многу лесно потоа се надоместуваат.
No comments:
Post a Comment