08 April 2012

Во Пакистан под снежна лавина затрупано 135 лица, нема знаци на живот


Ниту после 24 часа нема знаци на преживеани, откако снежна лавина затрупа 124 пакистански војници и 11 цивили во одалечената област на планинскиот венец Коракорум, во близина на границата со Индија, соопшти утрово пакистанската војска.


Војската се „надева на чудо“ и спасувачките тимови и денеска продолжија да ја пребаруваат областа каде лавина вчера прекри цел штаб на батаљон на пакистанската војска во близина на глечерите. Во спасувачката акција испратени се хеликоптери и спасувачки тимови со обучени кучиња, но нивното движење е отежнато поради лошото време.

Жртвите останаа затрупани на висина од 4.500 метри надморска височина во близина на глечерот Сиачен на планинскиот венец Каракорум во делот Кашмир на границата меѓу Пакистан и Индија.

No comments: