Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, по повод празникот Воскресение Христово - Велигден, упати честитка до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Република Македонија Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Македонија.

- Денес, на овој величествен ден сакам во свое име и во име на Владата на Република Македонија, Вам лично, на Вашето ценето свештенство и монаштво и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија да Ви го честитам најголемиот христијански празник - Велигден. Христовото воскресение е најзначајниот ден во историјата на човештвото, зашто на овој ден блеснала светлината, се дознала вистината и се родила правдината. Велигден е денот кој ја роди и кој постојано, секоја година, ја раѓа нашата радост. А за да ја доживееме и ние радоста, потребно ни е да се утврдуваме во вистината и правдата, да растеме во љубовта и благодатта, во трпението и милосрдието - да живееме во верата со добри мисли и со добри дела. Само доколку нашиот живот го красат вакви добродетели, тогаш сме ја разбрале смислата на настанот од овој прекрасен ден Велигден, вели во честитката премиерот Груевски.
Користејќи го овој момент, ја истакнува трајната определба на Владата за промоција и развој на мултиверското општество, како еден од најдобрите гаранти на напредокот, и за реализацијата на реформите и модернизацијата кои ќе го подобрат нашето секојдневие и ќе овозможат услови за натамошен прогрес во сите сфери од значење за граѓаните, како ии прогрес на нашата земја во европските и евроатлански интеграции.
- Славејќи го овој голем ден, на Вас и на сите верници Ви посакувам мигови на разбирање, милосрдие и бериќет во секој дом. Господ нека не поведе во радоста на празникот и во љубовта кон верата. Нека е за многу години големиот празник !
Христос воскресна - Навистина воскресна!, вели на крајот од честитката премиерот Никола Груевски.
Христос воскресна - Навистина воскресна!, вели на крајот од честитката премиерот Никола Груевски.
No comments:
Post a Comment