Седмократниот светски првак, Михаел Шумахер, единствен се спушти под минута и 36 секунди, а овој пат разликите беа значително помали, па првите осум возачи завршија во иста секунда со најбрзиот.
Хамилтон заврши втор, Фетел трет, а Вебер четврти.
Во сабота наутро во 5 часот на распоред е третиот слободен тренинг, а потоа почнува вистинската акција- квалификациите се во сабота во 8 часот, а трката во недела во 9 часот.
Вљубениците на Формула 1 од утре ќе имаат можност да го следат квалификациите и трките на националната МТВ 1. Правата за емитување на Формула 1, МТВ ги откупи за наредниве три сезони.

No comments:
Post a Comment