
Станува збор, генерално, за естетски модификации...
По две ипол години од претставувањето на компактниот SUV на BMW, Баварците на своите купувачи ќе им понудат малку освежена и подмладена верзија. Се работи за благи, претежно промени од естетски карактер на најмалиот член во семејството X на BMW.
Како што можете да видите, корекциите се видливи на предниот дел, односно на браникот. Обликот на светлата е ист, само со минимална промена на поставеноста. Нови се ретровизорите, праговите, како и комплетниот заден дел – задниот браник и стоп-светлата.
Во внатрешноста, речиси и да нема измени, со истакнување на високиот квалитет на материјалите користени за изработка на истата.
X1 ќе биде придвижуван од шест-цилиндричен агрегат со 306 КС, како и мотор со четири цилиндри и 245 КС, во зависност од изборот на купувачот.
Помокниот мотор со 306 “коњи” забрзува до 100-ка за 6.1 секунди, со минималнапотрошувачка од 7.9 литри гориво.
Извор:Koli.com.mk
No comments:
Post a Comment