Со дефиле на маскирани деца од скопските градинки и училишта денеска на плоштадот „Македонија“ ќесе одржи манифестацијата „Априлијада 2012 - Скопје се смее“.

Традиционално Манифестацијата ќе биде поделена во два дела: дневен и вечерен. Водител на забавата ќе биде Марија Петровска, а дневниот дел кој ќе почне во 11 часот ќе биде одбележан со детски маски, балони, песнички, игри, забава со фолклорната секција на ДКЦ “Карпош“, настапи на членовите на Супер ѕвезда и на танцови групи од основните училишта од Скопје.
Вечерниот дел од забава ќе почне во 21 часот на Плоштадот Македонија со Маја Гроздановска Панчева, Александар Митевски, Зоран Џорлев, Мустафа Имери, Драган Мијалковски, групите„Ноисе макерс“ и „Бетта Хоусе„ и за крај Ди џеј БАБУРА. Забава ќе трае до раните утрински часови.
По повод 1 април во основните училишта од Скопје беше распишан конкурс за изработка на најдобра маска или шеговит цртеж, а најдобрите три дела ќе бидат наградени. Наградите ќе се доделат во ДКЦ-Карпош.
На Плоштадот ќе биде организирана и мини Априлијада од страна на Чунга Лунга тимот. Манифестацијата ќе трае од 10 до 18 часот. Ќе биде поставена Чунга Лунга Долината на задоволства, каде што ќе има подароци, гуми за џвакање, карамели, кроасани, лижавки буквално за сите дечиња. Исто така, ќе се играат најразлични игри, како вртење хулахоп, скокање на ластик, потпишувања на „Ѕидот на желби“ кој ќе патува се до Чунга Лунга Кралството, потоа фотографирање заедно со сите дечиња од бандата, правење на најголем балон...
Покрај оваа акција на Чунга Лунга исто така ќе има уште една дружба во Штип, во Домот на млади, каде што ќе биде организирано мини фестивачле Чунга Лунга и мини ревија под маски со дечињата кои се учесници на оваа манифестација.
Денот на шегата го одбележува и општина Бутел со манифестафција во паркот „Живко Бранковски“ на која ќе учествуваат учениците од седумте основни училишта во оваа општина. На априлијадата е најавено обраќање на градоначалникот Петре Латиновски.
Првоаприлска забава за најмладите ќе има и во Веро – центарот. Домаќини на забавата, која ќе почне во 13 часот, ќе бидат Тања Кочовска и Предраг Павловски. Најмладите ќе ги забавуваат ѕвездите на „Поточиња“, а специјално обучен иснструктор за танц, во ритамот на популарните детски мелодии, ќе им ги покаже основните чекори и правила на танцувањето на најмладите. Исто така, со помош на уметниците кои ќе бидат дел од програмата, децата ќе имаат можност да го исцртаат своето лице со ликот на нивното омилено животно.
No comments:
Post a Comment