| Силниот ветер што се појави пред малку во Скопје, сруши дел од споменикот Воин на коњ на плоштадот Македонија |
![]() Влошувањето на временските услови и силниот ветер срушија дел од споменикот Воин на коњ. Горниот дел од телото на Александар е паднат во фонтаната. Неколкуте минувачи на празниот плоштад во недела наутро немо стојат пред ужасот кој се случи пред неполни пет минути. Среќа во несреќа е што во моментот на откачувањето на делот немало луѓе околу фонтаната. Нема повредени, но целиот плоштад е преплавен со метални пари кои од силниот удар на металното тело беа исфрлени од фонтаната. "Ја сликав девојка ми со споменикот во позадина. Стоевме блиску до летниковецот и брзав да ја сликам што побргу за да заминеме од невремето што надоаѓа. Не можев да поверувам од она што го видов, прво во екранот на апаратот, а потоа и со сопствени очи. Се слушна силен трескот и врискотници", кажува еден очевидец додека го смируваат со вода и шеќер во едно од околните кафулиња на плоштадот. АПРИЛИ-ЛИ-ЛИ |
01 April 2012
Катастрофа: Од силниот ветер падна воинот од коњ
Subscribe to:
Post Comments (Atom)

No comments:
Post a Comment