08 April 2012

28 годишно момче загина во сообраќајка, сопругата е во кома

28 годишниот Александар Василев од струмичко Дабиле загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4 часот на влезот во селото.



Александар кој управувал автомобил опел вектра од засега непознати причини изгубил контрола над возилото и се забил во бетонскиот ѕид на првата куќа од селото. Василев починал на лице место, а неговата 24 годишна сопруга е во кома и е префрлена на скопската клиника. Во тешка состојба се и двајцата сопатници од Муртино.

Местото на несреќата, викано Дабалски мост е црна точка за жителите на Дабиле, затоа што често се случуваат сообраќајни несреќи со човечки жртви.

No comments: