Судејќи според најновите фотографии, Ким Кардашиан и Кание Вест својата пријателска врска ја претворија во романтична.

Познатиот рапер Кание познат како „лошо“ момче на музичката сцена и реалити ѕвездата Ким, видени се како излегуваат заедно од неговиот стан.

Ким носеше облека од претходниот ден така што се претпоставува дека ја поминала ноќта кај него, бидејќи следното утро истрча пред папараците без шминка на неа и во истата комбинација.

Двојката уживаше на заедничка вечера во Нујорк, но и во шопинг. А каде и да се појави Ким е следена од папараците, па поради тоа и нејзините дружења брзо стануваат јавни.

Иако сеуште официјално се нема разведено од Крис Хампфри, Ким веќе изјавила дека врти нова страница во својот живот.

Кание пред неколку дена објави и песна која ја посвети на Ким, па и покрај тоа што тврди дека се е платонски и дека тие се само пријатели, изгледа дека нивната врска може да стане и многу посериозна.

И пред неколку месеци во јавноста излезе вест дека поранешната девојка на Кание, Амбер Роуз, ја оптужила Ким бидејќи флертувала и се мешала во нејзината врска со познатиот рапер.


No comments:
Post a Comment