03 April 2012

Падна рекордната добивка на Џамбо Бинго- среќникот доби 3,2 милиони денари и пежо 107!

Синоќешното возбудливо извлекување во Џамбо Бинго на среќникот му ја донесе досега најголемата добивка од над 3 милиони 267 илјади денари и автомобил пежо 107.


Добивката дојде на само 28– от извлечен број, кога Игор Џамбазов по извлечениот 27 – ми број објави дека има двајца потенцијални добитници на Макси Џамбо добивката.

Се чекаше бројот 65, кој излезе веднаш потоа. Тоа ги изненади дури и искусниот водител Џамбазов и водителката Натали.

Бинго картичката била купена во Скопје во салонот на Тугедр во близина на плоштадот Пела, а како што најавуваат од државната лотарија идентитетот на најсреќниот ќе се знае наскоро.

No comments: