03 April 2012

Лига на шампиони се враќа на МТВ


Како што објави УЕФА денеска на својата интернет страница, Македонската радио телевизија ги доби правата за Лигата на шампионите и Лига Европа за периодот 2012-2015-та.

liga-sampioni-500
Најелитното клупско натпреварување Лигата на шампионите и најмасовното клупско фудбалско натпреварување, Лига Европа се враќаат на старата адреса. Од идната сезона овие натпревари ќе ги пренесува Македонската радио телевизија.
Оваа информација денеска беше објавена на официјалната интернет страница на УЕФА. Во соопштението се вели:
-Државниот сервис, Македонска радио телевизија ги доби правата зпренос на одбран натпревар од Лигата на шампиони секоја среда, и одбран меч од Европската лига во оние седмици кога има натпревари, за територијата на Македонија. МТВ1 и МТВ2 ќе пренесуваат натпревари во живо, како и програма со најдобрите моменти во секоја недела кога ќе има натпревари. Ова важи за двете натпреварувања, се вели во соопштението на УЕФА.
Воедно од европската куќа на фудбалот му се заблагодарија на досегашниот сопственик на ТВ правата за територијата на Македонија, Канал 5, како што се вели за посветеноста на Лигата на шампионите и Лига Европа.

No comments: