03 April 2012

Прогласена епидемија во Охрид


Охрид, Македонија (Филипијада њуз) – Министерството за здраство утрово, по предлог на комисијата за заразни болести донесе одлука за прогласување на епидемија на karlosidis slimidis ( треска ), информираше министерот Никола Тодоров.
Почетокот на болеста karlosidis slimidis се карактеризира со несоница, зголемување на адреналинот и чешање на левата рака (особено во пределот на дланката). Болните од karlosidis slimidis се лекуваат со современи третмани, но болеста може да нанесе сериозни оштетувања на мозокот, а особено на центрите за мотивација. Оваа болест позната меѓу народот како треска се шири со „брзината на светлината“ . Од треска во Охрид се заразени околу 25.000 луѓе, што претставува 60% од целокупното охридско население.
Министерството за здраство известува дека потеклото на оваа болест е од Мексико, а во Македонија преку воздушен пат ја пренеле неидентификувани и за нас непознати инсекти. Епидемијата неуморно се шири низ целата територија на Македонија, а симптоми се забележани и во Скопје кај млад брачен пар кој живее во зградата спроти Владата на РМ.
Сите оние кои не се заразени од karlosidis slimidis целосно нека се изолираат од надворешните влијанија, а сите оние кои ги имаат горенаведените симптоми нека се пријават на поставените пунктови во Скопје и Охрид.

No comments: