Екипата на Арсенал вечер со почеток во 21 часот на „Емирати“ во Лондон ја пречекува екипата на Виган и со евентуален триумф ќе се зацврсти на третата позиција на табелата.

На единствениот натпревар одигран вчера шампионот Манчестер Јунајтед ја совлада Астон Вила со 4:0 и повторно има пет бодови предност пред Манчестер Сити.
Во саботата беа одиграни натпреварите: Норвич – Манчестер Сити 1:6, Сандерленд – Вулверхемптон 0:0, Свонси – Блекбурн 3:0, ВБА – Квинс Парк Ренџерс 1:0. Поради полуфиналните натпревари од ФА купот одложени се натпреварите: Ливерпул – Челзи, Стоук – Евертон (ќе играат на 1.мај), Челзи – Њукасл и Болтон – Тотенхем (ќе играат на 2.мај). Табела: Манчестер Јунајтед 82 бода, Манчестер Сити 77, Арсенал 64 (натпревар помалку), Тотенхем 59 (натпревар помалку), Њукасл 59 (натпревар помалку), Челзи 57 (натпревар помалку),...
Со натпреварот Хетафе – Севиља вечер во 21 часот ќе биде комплетирано 34.коло од Примера.

Водечкиот тандем Реал Мадрид и Барселона постигнаа победи во ова коло и разликата остана непроменета.
Преглед на резултатите од одиграните натпревари: Реал Мадрид – Хихон 3:1, Леванте – Барселона 1:2, Еспањол – Валенсија 4:0, Сарагоса – Гранада 1:0, Бетис – Осасуна 1:0, Малага – Сосиедад 1:1, Виљареал – Сантандер 1:1, Атлетик Билбао – Мајорка 1:0 и Рајо Ваљекано – Атлетико Мадрид 0:1. Табела: Реал Мадрид 85 бодови, Барселона 81, Валенсија 52, Малага 51, Леванте 48, Осасуна 46, Севиља 45 (натпревар помалку), Атлетик Билбао 45, Еспањол 45,...
No comments:
Post a Comment