16 April 2012

Хилари Клинтон журкала во клуб во Колумбија


Американската државна секретарка, Хилари Клинтон, викендов земала одмор, а костумот и говорницата ги заменила со лежерен фустан и подиум за играње.
Таа вечер во нејзините раце, кои на ритамот на музиката кружеле над главата на американската политичарка, се наоѓало и шише пиво. 64-годишната политичарка по состанокот со околу 30-тина лидери на државите од Северна и Јужна Америка на самитот на земји од западната хемисфера, одржан во Картагена во Колумбија, со пријателите излегла во ноќниот клуб “Кафе Хавана“.

Ова не е првпат Клинтон да ја покаже својата поопуштена страна откако пред неколку денови се сретнала и со творците на Интернет блогот на кој авторите и’ се потсмеваат на американската државна секретарка на сметка на нејзината сериозност.

No comments: