Група од стотина навивачи на македонската ракометна репрезентација утринава преку Белград тргна на пат кон шведскиот град Гетеборг, кој во следните неколку дена ќе биде местото каде што ќе се стационира македонската навивачка фаланга, која, пак, треба да биде осмиот играч во селекцијата на Звонко Шундовски на патот кон обезбедувањето на олимписката виза за Лондон.

Станува збор за ракометни фанови, кои во приватна режија решија да заминат за далечната Скандинавија избегнувајќи ги замките со организираниот превоз од Скопје на одредени туристички агенции, кои се осетно поскапи од варијантата што тие ја избраа. Ним не им пречеше да се разбудат пред петлите и да ги минат 442-та километри до српската престолнина, од каде што со нискобуџетната авиокомпанија „Виз-ер“ се упатија кон градот што ќе биде втора македонска престолнина во следните неколку дена.
На едно место се најдоа скопјани, прилепчани, битолчани, но и жители на други населени места, кои веднаш пронајдоа еден заеднички именител – македонската ракометна селекција. Веднаш се почнаа разговори на темата квалификации во Гетеборг, но и на темата Летни олимписки игри (ЛОИ) во Лондон. Речиси нема некој што не е убеден дека Кирил Лазаров и неговите соиграчи ќе успеат да ги минат пречките наречени Унгарија, Шведска и Бразил и дека ќе се најдат меѓу двете првопласирани селекции што ќе обезбедат пласман за ЛОИ.
Оваа група навивачи во Гетеборг ќе бидат пречекани од македонските иселеници таму, кои одамна најавуваат присуство на неколку илјади наши сограѓани, кои живеат не само во Шведска, туку и во околните земји. Во текот на утрешниот ден треба да пристигне втората група навивачи со чартер-лет во организација на туристичките агенции, а главнината од македонската фаланга се очекува в петок, кога во Гетеборг се очекува да пристигнат десетте автобуси со околу 500 спортски вљубеници од кај нас, чие патување е спонзорирано од Владата.

No comments:
Post a Comment