Тргнавме во вторникот наутро, знаевме дека пред нас има премногу долг пат. А сепак никој не беше нерасположен.

Уморот ни беше сокриен од возбудата, енергијата ни растеше со адреналинот. Тргнавме од Скопје за да стигнеме до Гетеборг. Сплотени во желбата, соединети во очекувањата- одиме да ги бодриме македонските ракометари кон олимпискиот пат.
Во 8 автобуси најдовме наши нови пријатели. Се поздравуваме на минување со зборовите ЗА КОГО? ЗА МАКЕДОНИЈА!
Сретнавме Срби, Унгарци, Чеси, Германци.... А мислите врват кон Шведска. Токму таму ќе ја обоиме во црвено-жолто најголемата трибина. Од таму уште еднаш ќе му покажеме на светот колку е голема таа Македонија. Ќе ги потсетиме сите како звучи македонската публика.
Сега сме во екипа од 400 луѓе. Токму во Гетеборг ќе се соединиме со сите Македонци кои пристигнаа од неколку страни на светот. И ќе ги стресеме трибините! По напорен речиси 40-часовен пат, никој нема да штеди ниту атом од својата енергија, од својата сила. Тргнавме за ракометарите, тие веќе пристигнаа заради нас.
Заинтересирани и запознати со состојбата во тимот, со начинот на игра и со подготвеноста, разговараме и типуваме. Соединети во едно- одиме на победа уште во петок, а со иста посветеност навиваме и во сабота и недела.
Кога друг пат било вака? Кога волку многу луѓе без размислување би минале во пат 4 дена за да погледнат 3 натпревари?
Еве вака се сака Македонија. И токму вака се покажува колку си Македонец.
Поздрав од навивачкиот борбен конвој кој патува кон Гетеборг. Тргнавме за да пренесеме пораки од цела Македонија. Порака до светот. А говориме во име на сите оние кои знаат како се сака репрезентација.
Ивана Цветановска
No comments:
Post a Comment