09 April 2012

Лазаров: Бразил беше поквалитетен противник од нас

По поразот од Бразил со 28:27 македонската ракометна репрезентација со три порази ги заврши натпреварите на олимписките квалификации во Гетеборг.
Според капитенот Кире Лазаров македонските ракометари денеска за противник имаа поквалитетен состав од нив.
- Одигравме лош натпревар и може да се каже дека победи подобриот тим. Не се вративме на психолошки план по двата пораза во првите две кола. Од овој турнир треба да извлечеме поука за во иднина. Сега најважно е да се сконцентрираме на баражот за Светското првенство и да дадеме се од себе да го задржиме континуитетот на настапи на големите натпреварувања, истакна Лазаров по поразот од Бразил.
И за селекторот Ѕвонко Шундовски клучни за денешниот пораз се претходните два дуела, кои оставија трага и разочарување кај македонските репрезентативци поради пропуштената шанса за настап на Олимписките игри во Лондон.

No comments: