08 April 2012

НУМЕРОЛОГИЈА: Пресметајте си го карактерот




За да пресметате кој број од нумерологијата се совпаѓа со вашиот карактер, потребно е да ги соберете сите бројки од вашиот датум на раѓање. Пр. доколку сте родени на 01.01.1991 тогаш износот ќе бине : 1+1+1+9+9+1 = 22. Потоа соберете ги добиените бројки пр. 22 => 2+2 = 4. Вашата нумеролошка бројка на карактерот е 4. Доколку бројот кој ќе го добиете е поголем од 9, потребно е да продолжите истите бројќи да ги додавате се до моментот кога ќе добиете број до 9. Откако ќе завршите со пресметувањето прочитајте подолу што означува таа бројка.


1 – Овие личности се перфекционисти и афторитативни. Понекогаш се агресивни, но сепак под надворешната агресивна површина се крие нежен дух. Професии кои највеќе се застапени кај личностите кои се обележани со бројот 1 се шофер и професор/ка.
2 – Креативни личности, не сакаат да им се наредува и пропагираат мир. Често се наивни и искористени од другите, но секогаш тие се што се смеат на крај, а кој се смее последен – најслатко се смее! Професии кои највеќе се застапени кај личностите кои се обележани со бројот 2 се музичар и ликовен уметник.
3 – Иницијација и конформизам се одликите кај овие личности. Тие се амбициозни и сакаат да постигнат многу во животот, секој успех што не ги задоволува нивните критериуми е оценет за неуспех. Професии кои највеќе се застапени кај личностите кои се обележани со бројот 3 се пратеник/чка и менаџер.
4 – Организирани личности, перфекционисти и многу упорни. Понекогаш нивната упорност лошо е прифатена од околината. Тие се многу осетливи и лесно навредливи. Професии кои највеќе се застапени кај личностите кои се обележани со бројот 4 се библиотекар/ка и банкар/ка.
5 – Заводливи личности, многу харизматични и страствени. Нивната страст е широко позната во околината и многу посакувана. Интелегентни и организирани. Професии кои највеќе се застапени кај личностите кои се обележани со бројот 5 се манекен/ка и лидер.
6 – Нежна личност, доброумна и шармантна. Физичките повреди лесно ги заборава, но повредите нанесени со збор никогаш не ги заборава. Професии кои највеќе се застапени кај личностите кои се обележани со бројот 6 се психолог и социолог.
7 – Интелегентна личност, егоцентрична, склон на повреди и сонувач. Овие личности често размислуваат дека секогаш постои подобар начин, само потребно е да го пронајдеш. Користат евтини трикови за привлекување на внимание. Професии кои највеќе се застапени кај личностите кои се обележани со бројот 7 се научник и космонаут.
8 – Храбра личност, енергична, но асоцијална и затворена. Често влегува во конфликт самата со себе кога разрешува спорови во кои се судираат иднината и минатото, фактот и фантазијата. Професии кои највеќе се застапени кај личностите кои се обележани со бројот 8 се таксист и водоинсталатор.
9 – Бистра личност, борбена и бескомпромисна. Чувствителна и сентиментална е во моментите кога е тоа најпотребно. Таа добар манипулатор со околината и е гледана како конформист. 9 е највисокиот број, што значи дека личност се наоѓа на највисокото енергетско ниво и духовно е ослободена од сите црни мисли. Професии кои највеќе се застапени кај личностите кои се обележани со бројот 2 се стоматолог и новинар.

No comments: