Времето утре во Македонија ќе биде сончево и потопло со умерена облачност, а во крајните западни и источни делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи два до осум, а дневната од 13 до 22 степени.
Во Скопје и околината слично време, сончево со умерена облачност и потопло, а ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе достигне до 18 степени.
No comments:
Post a Comment