Холивудската актерка Џенифер Анистон е бремена, а среќната вест му ја потврдила на својот стар пријател актерот Том Хенкс, пренесуваат американските таблоиди.

Анистон, Џастин Тери, Том Хенкс и Рита Вилсон на почетокот на април биле на заедничка вечера, и, како што тврди добро информиран извор, средбата била закажана за актерката и нејзиниот дечко и официјално да им ја објават среќната вест на пријателите, пренесува магазинот „ Стар“.
Според келнерот што ги служел, тие го замилиле да застане на страна од масата за да можат мирно да разговараат.
-Џенифер го покри својот стомак како нешто да крие, изјави еден очевидец, додавајќи дека ѕвездата на серијата „Пријатели“ вечерта ја одбила водката и дека во текот на оброкот пиела само вода, а исто така престанала и да пуши.
Актерката се уште не ја потврди информацијата, што е стигната пред неколку дена, по официјализирањето на веридбата на Бред Пит и Анџелина Џоли.
Извор: Сител
No comments:
Post a Comment