Кабловска телевизија во САД во својата понуда вклучи осумчасовна телевизиска програма за кучиња под име „ТВ Дог“, осмислена да ги релаксира и анимира кучињата додека нивните сопственици се на работа.
- Сцените се снимени од кучешка перспектива, објасни продуцентот на „ТВ Дог“ Гилад Њуман, додавајќи дека на програмата нема да има силни звуци како што се истрели, експлозии или хеви метал музика, затоа што таквите звуци можат да бидат многу иритирачки за кучињата.
Тој истакна дека кучињата ги гледаат плавата и жолтата боја, но не и зелената и црвената, така што бојата на „ТВ Дог“ исто така е прилагодена на оние животни.
- Во продукцијата боите мораат да бидат придушени, звуците се посебно обработени да одговараат на кучешките уши, а музиката специјално е напишана за нив, објасни Њуман.
Во рамки на програмата за кучиња нема реклами, ниту репризи.
- Околу милион претплатници во Сан Диего имаат пристап до „ТВ Дог“, а компанијата РТВ Медиа планира својата понуда да ја прошири ширум САД во следните неколку месеци, рече Њуман, додавајќи дека услугата ќе чини доплнителни 4,99 долари месечно.
Тој се надева дека голем број сопственици ќе се одлучат на претплата.
- Ако видите, ќе разберете дека повеќе од 46 милиони домаќинства во САД имаат домашни миленичиња, а 97 проценти од семејствата во САД имаат телевизори, така што иднината ветува, заклучи Њуман.
- Долги години сопствениците на домашните миленичиња оставаа вклучени телевизори или радио кога излегувале од куќата за нивните миленичиња да имаа друштво, рече докторот Ник Додман, директор на клиниката за животни на Универзитетот Туфт во Масачусетс.
Тој објасни дека според истражувањта на кучешкиот мозок, на аналогната телевизија кучињата можат да видат само треперење на екранот.
Извор:24вести

No comments:
Post a Comment