15 April 2012

Јанкуловска: Истрагата сериозно напредува


Истрагата сериозно напредува, дефиниран е профилот на извршителите, но се уште не е нивниот број и идентитет, изјави министерката Гордана Јанкуловска.
Таа рече дека не може да изнесат повеќе детали за профилот на убијците на петтемина кај Смиљковци зашто се уште се обработуваат материјалните докази.
Многу им помогнале и информациите што ги добиле на телефонот 199 и ги охрабрува граѓаните и понатаму да се јавуваат.
Досега на информативен разговор биле над 100 лица, но нема осомничен. Клучни ќе бидат и исказите на семејствата на жртвите кои од разбирливи причини вчера и завчера не биле на распит.
Јанкуловска рече дека сите сценарија се се уште отворени, но најмалку е веројатно дека на убиството му претходело друго кривично дело на тоа место со кое би бил поврзан овој случај.

No comments: