15 April 2012

Откриен профилот на убијците, најдено возило поврзано со убиството

МВР го открило профилот на убијците на петмината на Смиљковското езеро, но се уште не е познат нивниот идентитет, изјави денеска министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска која соопшти дека имало голем напредок во истрагата.



Според Јанкуловска, во последните три дена на разговор биле повикани повеќе од 100 лица повикани на разговор. Имало и многу јавувања на бесплатната телефонска линија 199 на која граѓаните давале податоци за истрагата. Од тие јавувања полицијата добила многу корисни информации. Јанкуловска исто така информираше дека од јавувањата и со истражните дејствија се потврдени неколку сценарија што ги разработувала истрагата, а неколку сценарија стануваат се помалку веројатни, иако не се целосно отфрлени. Сценарио кое не е отфрлено, но е се помалку веројатно, е дека жртвите биле сведоци на друго кривично дело и затоа биле убиени.

Јанкуловска соопшти дека се пронајдени и неколку возила кои биле испитани. Едно од нив било најдено на 10 километри од местото на убиството, а според трагите најдени во него се претпоставува дека било поврзано со убиството.

No comments: