МВР им се доближува на сторителите на петкратното убиство на Смилковското Езеро. Во истрагата помагаат и грѓаните.

Повеќе од 40 повици пристигнале на телефонската линија 199 со информации за движењето на автомобилот, кој вчера МВР го покажа во јавноста.
Најголем дел од граѓаните кои се јавиле на специјалната телефонска линија информирале дека го виделе
Опелот во близина на местото на убиството. МВР веќе им информации за историјата на овој автомобил, но во интерес на истрагата, во јавноста не се изнесуваат детали.
Јанкуловска апелира да се смират тензиите бидејќи полициските службеници се покорисни кога работат на истрагата, отколку кога обезбедуваат протессти.
Во текот на вчерашниот ден, во инцидентот пред Владата, 5 лица биле повредени , а 14мина биле приведени од полицијата.
Бидејќи станува збор за огромен број на информации и исклучително тешко кривично дело, Јанкуловска побара трпение за да може полицијата да го истражи секој можен аспект и да ги открие сторителите на грозоморниот чин.
No comments:
Post a Comment