Сестрата на сопругата на принцот Вилијам, Пипа Мидлтон наскоро би можела да биде повикана на суд поради загрозување на општата безбедност.

Пипа во Париз се возела со автомобил со уште тројца пријатели, кога еден од нив среде бел ден извадил пиштол и почнал да мавта пред очите на многуте минувачи.
Ако париските судови покренат постапка, Пипа би можела да одговара за соучесништво во ова дело бидејќи седела на совозачкото место во автомобилот.
„Ако доказите против Пипа упатуваат на тоа дека учествувала во кривично дело, секако дека ќе биде процесуирана. Секој што бил вклучен во употреба на оружје во јавноста ќе мора да биде фатен и испитан“, изјавил близок пријател на Пипа за магазинот „Сан“.
Ако се докаже дека станувало збор за вистински пиштол, казната за сите учесници во ова дело може да изнесува до седум години затвор. Ако се докаже дека пиштолот бил лажен, им следи казна од две години.

No comments:
Post a Comment