17 April 2012

ФОТО: Ава од „Преживеан“ вплеткана во криминал

Пред три години, нејзината мајка и нејзиното тогашно момче се уапсени под сомнение дека изнудувале пари од нејзиниот професор, а денес е донесена и конечната пресуда. Старлетата Ава Карабатиќ ги освои срцата на милиони гледачи на реалното шоу „Вип Преживеан“, но и своите соплеменици кои ја опишуваат како ведра девојка со добро срце. Но, она по што го завземала највисокото место во новинарските наслови во Хрватска, била аферата од 2009 година, кога 21-годишната Ава, нејзината мајка, 39-годишната Сања Карабатиќ и 24 годишното момче Шпиро Миличиќ се уапсени под сомневање дека го уценувале 65-годишниот Ж.Н кој бил професор на Ава на отсекот за италијански јазик на Задраскиот факултет, и од него изнудиле 9000 евра.



Со истрагата е утврдено дека Шпиро во повеќе наврати, во договор со својата девојка и нејзината мајка преку телефон контактирал и му се заканувал на професорот со физички напад, па побарал да му исплати одреден паричен износ како надомест за компромитирачките СМС пораки и записникот на телефонските повици кои професорот и ги испратил на Ава.



Оштетениот во полицијата дал изјава во која тврди дека Ава е таа која прва му испратила порака во која пишувало „Ми се допаѓаш“ што него премногу му се допаднало, па почнале да се допишуваат неколку месеци. Во страв сето ова да не излезе на виделина професорот на момчето на Ава му исплатил две илјади евра, а брзо после тоа 24 годишниот Шпиро на ист начин барал да му исплати уште 7000 евра. Професорот ја испалтил и таа сума, но ја пријавил уцената во полиција, а во текот на примопредавањето на „втората рата“ поставил замка и „уценителите“ биле уапсени на автобуската станица во Задар.



Ава, нејзиното момче и мајка и ја признале вината, а притворен единствено бил Шпиро. Момчето на Ава , која поради атрактивната старлета се преселил од Сплит во Задар работел како обезбедување во еден ноќен клуб. Нивната приказна брзо после овој случај е завршена. Старлетата и нејзината мајка денес се ослободени од тужбата, додека Шпиро е осуден на две години и седум месеци затворска казна.

No comments: