14 April 2012

Откриен градот на Симпсонови

Креаторот на Симпсонови, Мет Гренинг, во интервју откри кој град му послужил како инспирација за Спрингфилд од анимираната серија.



Иако 23 години не сакаше да открие што го инспирирало за креација на градот Спрингфилд „за да не им го расипе доживувањето“ на гледачите, во интервју за магазинот Смитсониан Гренинг откри дека анимираниот град Спрингфилд всушност е Спригфилд во Орегон, во близина на неговиот роден град Портланд.

Гренинг решил да го искористи името на градот откако се појавил во телевизиската серија „Тато знае најдобро“ од 50-те години. Исто така, имињата на некои улици во серијата се преземени од постоечки улици во Портланд.
„Сфатив дека Спрингфилд е едно од најраспространетите имиња на градови во САД и помислив: тоа ќе биде кул, сите ќе мислат дека се работи за нивниот Спрингфилд и бев во право“, изјави Гренинг.
По 23 години емитување, Симпсонови станаа дел од американската поп култура, серијата освои 27 Еми награди, доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните, а изразот „D'oh“ на Хомер влезе во Оксфордскиот речник од 2011-та година.


No comments: