14 April 2012

Двајца скопјани киднапирани пред клубот “Деспина”


Вчера утро на излегување од ноќниот клуб “Деспина” во Скопје двајца скопјани биле киднапирани и уценувани од три лица.
Имено, 39-годишниот Р.Д. и 33-годишниот Ф.И.  биле пресретнати од страна на М.З., Ф.Н. и едно  женско лице, при што Ф.Н извадил  пиштол  и со еден удар со пиштолот го удрил Ф.И. во пределот на главата, по што насилно биле внесени во возило и се упатиле  кон населба “Ченто“.
На последна автобуска постојка на бр.45, Ф.И. успеал да скокне од возилото, а останатите  продолжиле  да се движат по што  му наредиле на Р.Д.  да излезе од возилото.
Инаку, додека биле во ПМВ,  М.З. и Ф. Н.  им  побарале да им  дадат 20.000 евра.
СВР Скопје превзема мерки за расчистување на случајот.

No comments: