Екипата на Хетафе постигна убедлива победа на последниот натпревар од 34.коло на Примера, откако синоќа пред своите навивачи ја победи Севиља со 5:1.

Гостите поведоа преку Алваро Негредо во 19.минута, но до крајот дури пет пати ја вадеа топката од својата мрежа. На 1:1 во 35.минута изедначи Мигуел Торес.
Во 49.минута на 2.1 зголеми Мехди Лацен, а третиот гол го постигна Мику во 63.минута. За шест минути гол постигна и Педро Риос, а кончните 5:1 со својот втор гол на дуелот ги постави Мику во 71.минута.
Хетафе со новите три бодови има вкупно 45 и се наоѓа во групата екипи кои се на делба од 7 до 11.место, каде е и Севиља.
На чело на табелата се Реал Мадрид со 85 бодови и Барселона која има 81.
Фудбалерите на Виган постигнаа уште една голема победа и со новите три бодови избија на 16.место на табелата во Премиер лигата или две места погоре од зоната на испаѓање.

Виган на гостувањето на „Емирати“ во Лондон синоќа го совлада Арсенал со 2:1 и воедно ја постигна првата победа против „топџиите“ на нивни терен.
Ова за Виган беше чтврта победа во последните пет натпревари и тоа три постигна против Арсенал, Манчестер Јунајтед и Ливерпул, а загуби само од Челзи.
Со головите на Франко Ди Санто и на Жорди Гомез Виган во 7 и 8.минута поведе со 2:0, а стрелец на голот за Арсенал беше Томас Вермален во 21.минута.
Арсенал остана на третото место на табелата со 64 бодови, зад Манчестер Јунајтед 82 бода и Манчестер Сити 77, а пред Тотенхем и Њукасл кои имаат по 59.
Виган има 34 бодови, три повеќе од Квинс Парк Ренџерс, Болтон има 29, Блекбурн 28, а Вулверхемптон е последен со 23.
Извор: Сител
No comments:
Post a Comment