Фудбалерите на Виган полека бегаат од опасната зона, откако во 34. коло, во Лондон, забележаа сензационална победа над Арсенал.
Играчите на Виган кои во претходното коло го совладаа Манчестер јунајтед, на „Емирејтс“ во Лондон тргнаа храбро и веќе по 8 минути имаа предност со головите на Ди Санто и Гомез.
Единствено што направија „топџиите“, кои со овој пораз ја прекинаа серијата од шест победи, е голот на Вермелен со кој го намалија резултатот.
Виган, кој ја забележа четвртата победа на последните пет натпревари, сега се наоѓа на 16-то место на табелата со пет бодови повеќе од конкурентите кои се борат за опстанок. Арсенал остана на третото место со 64 бодови, но неговите ривали кои се во трка по третото место имаат по еден натпревар помалку.
Извор:24вести

No comments:
Post a Comment