18 April 2012

Мурињо повторно ги обвинува судиите: Првиот гол падна при чист офсајд


Реал Мадрид под водство на Жозе Мурињо синоќа од Баерн доживеа пораз во првиот двомеч од полуфиналето во Лигата на шампиони.
Баерн славеше пред домашната публика со 2 -1 со погодокот на Марио Гомез во 90. минута. При првиот гол на Баерн, тој на Рибери во 17. минута, Луис Густаво стоеше во пасивен офсајд. Токму за овој момент се „фати“ тренерот на Реал.

„Не е срамота да се загуби во полуфинале од Лигата на шампиони. Иако мислам дека натпреварот требаше да заврши 1-1 бидејќи првиот погодок беше даден при офсајд ситуација. Меѓутоа, се случува понекогаш и судиите да згрешат. И покрај поразот, во добра позиција сме за реваншот“, рекол Мурињо по Мечот, додека германецот Озил додал:

„Несреќно ги примивме двата гола. Сепак, треба да мислиме позитивно, победуваме во Мадрид и повторно ќе дојдеме на Алијанц Арена на 19 мај, на финале“.

За победничката страна, коментарите ги дадоа тренерот Јуп Хенкес и извршниот претседател Карл Хајнц Румениге.

„Мислам дека 2-1 е заслужена победа за нас. Реал добро почна, но потоа ние ја преземавме контролата во наши раце со паметна и одлучна игра. Играчите дадоа се од себе“, рекол Хенкес.
„Ова беше многу емотивен натпревар. Реал покажа дека е голема екипа. Судијата требаше да биде подобар. Реал во првото полувреме граше многу добро. Да се одигра дури и реми против ваков тим е многу тешко“, изјавил Румениге.
Извор: Канал5

No comments: