18 April 2012

ФОТО ВЕСТ: Фонтаната во Вардар се поплави!


Фонтаната во Вардар, во близина на Камениот мост, која е дел од проектот „Скопје 2014“ е целосно поплавена. Најверојатно поради врнежите и топењето на снегот, нивото на водата во Вардар е покачено, па фонтаната се нашла под вода. Сепак е нејасно дали оние кои ја осмислиле и направиле ги зеле во предвид и променливите временски услови кои придонесуваат за намалување или покачување на водостојот во Вардар, за да не испадне дека фонтаната се гледа само половина година, а другата половина спие под вода. 
фото: Радован Вујовиќ

No comments: