Денеска ќе ви презентираме неколку вкусни јадења кои имаат моќ барем делумно да ве ослободат од стресот и да ја намалат напнатоста, а истовремено се одлични за здравјето и за одржување на идеална телесна тежина.

Свежа риба и кромид
Рибата е познат извор на омега 3 масни киселини. Омега 3 масните киселини покрај нивното познато влијание врз здравјето на кардиоваскуларниот систем и влијанието врз намалување на покачените маснотии во крвта, исто така влијаат позитивно и на подобрување на расположението и опуштање на целиот нервен систем. Кромидот и дава одличен вкус на рибата, но состојките во кромидот се благодет за организамот, па затоа свежата риба со кромид е здрав оброк кој е одличен за здравјето на целото тело, вклучувајќи го и нервниот систем.
Не дозволувајте денот да ви помине без испиена барем една чаша млеко
Млекото е света состојка со која го почнуваме животот и од која не треба да се одвикнеме до крајот на животот. Млекото е богат извор на калциум. Тоа влијае врз намалување на анксиозноста и го подобрува расположението. Млекото како и сите млечни производи секогаш нека бидат дел од вашата трпеза. Доколку сте од оние луѓе чиј организам е нетолерантен на пресно млеко не очајувајте, јогуртот е исто толку добар и здрав, дури и подобар. Користењето на пробиотски јогурт е одличен избор за почеток, но и за завршување на денот. Со редовно користење на јогуртите во исхраната освен што ќе влијаете на нервниот систем, ќе влијаете и на дигестивниот систем и тоа исклучително позитивно.
За појадок направете салата од моркови, целер и други крцкави зеленчуци
Крцкавиот зеленчук е одличен за ослободување од стресот и напнатоста. Освен што е богат со многу минерали и витамини, крцкавиот зеленчук е одличен за ослободување на напнатоста. Овде не зборуваме за варен, пржен, печен или било каков термички обработен зеленчук, туку зборуваме за свеж зеленчук, исечен на крупни парчиња и направен во салата. Јадете пополека, џвакајте го крцкавиот зеленчук полека, бидејќи ова е совршен начин за ослободување од напнатоста и внесување на огромни количини на свежи витамини и минерали. Салатата задолжително направете ја со маслиново, а не со сончогледово масло.
Засладете се со црно чоколадо
Црното чоколадо, односно чоколадото за готвење е одличен начин за ослободување од стресот. Ова го потврдиле десетици истражувања кои се спроведени неодамна насекаде во светот. Според истражувањата, луѓето кои многу почесто јадат црно чоколадо, во текот на животот имале многу помали проблеми со покачен крвен притисок и други состојби предизвикани од стрес и напнатост. Црното чоколадо нуди и бројни други здравствени придобивки, па затоа е одличен избор за десерт после здраво приготвен ручек.
Извор:zazdravje.com.mk

No comments:
Post a Comment