11 April 2012

Америка пред расна војна!



Белците Џејк Ингланд и Алвин Вотс, се осомничени за убиство на тројца и ранување на двајца црнци во американскиот град Тулса, а вчера се уапсени.

Во исто време расните тензии во земјата растат, бидејќи неонацистите на Флорида организирале патроли за да се спречат протестите на црнците испровоцирани од убиството на црното момче Трејбон Мартин, кој неодамна бил убиен од белецот Џорџ Зимерман.

До приведување на Ингланд и Вотс дошло откако во сојузната држава Оклахома се случиле низа напади врз жителите со афроамериканско потекло. Тие се осомничени дека, возејќи се со бел пикап по градот, пукале во минувачите кои имаат црна боја на кожа.

За тоа време, градот Санфорд на Флорида станува буре барут бидејќи тешко вооружените групи на неонацисти почнале да организираат патроли чија задача е да ги штитат квартовите каде што живеат белци.

Џеф Шеп од Националсоцијалистичкото движење вели дека патролите се неопходни поради протестите на црните кои се закануваат дека ќе ги загрозат животите и имотите на белците.

"Не повикуваме на насилство или напади, но подготвени сме за тоа. Не спаѓаме во оние луѓе кои можете да ги изненадите!", рекол Шеп.




No comments: