Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјавил дека Иран има доволно средства неколку години во целост да го издржи ембаргото на извоз на неговата нафта, јавуваат иранските медиуми.
“Западните сили сакаат да наметнат санкции за извоз на нашата нафта и ние мора да им кажеме дека сме заштедиле толку средства, дури ако две или три години не продаваме нафта, нашата земја ќе може тоа лесно да го издржи“, рекол Ахмадинеџад во текот на посетата на покраината Хормузган.
No comments:
Post a Comment