Македонската ракометна репрезентација денеска во 14:45 часот во Скандинавиум арената во Гетеборг го игра третиот и последен натпревар од квалификациите за Олимписките игри, а капитенот Кире Лазаров посакува победа за оддолжување кон навивачите кои им даваат голема поддршка на своите репрезентативци.

Противник на „црвено-жолтите“ е репрезентацијата на Бразил, која исто како и Македонија доживеа два пораза и ги загуби шансите за пласман на Олимписките игри.
- Заради навивачите кои дојдоа да не бодрат, треба достојно да се простиме на натпреварот со Бразил и да постигнеме победа. Убаво е да се заврши еден циклус со победа, тоа останува запишано, истакна Кирил Лазаров.
Досега овие две репрепрезентации имаат одиграно натпревар на Светското првенство 1999 година во Египет. Во Каиро, Бразил ја победи Македонија 30:27.
Во Гетеборг во вториот натпревар од 17 часот играат Шведска и Унгарија, двете репрезентации кои се пласираа на Олимписките игри од оваа група. Досега се познати уште три селекции кои обезбедија пласман во Лондон. Од групата во Вараждин се Хрватска и Исланд, додека од групата во Аликанте е Шпанија.
No comments:
Post a Comment