Скопје, Македонија (Филипијада њуз) Утрово од неофицијални извори Филипијада њуз дознава дека актерот и актуелниот „Стенд ап“ комичар Сашко Коцев е уапсен.
Причините поради кои е уапсен актерот Сашко Коцев остануваат непознати за јавноста и се затворени во некоја фиока во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Министерката Гордана Јанкуловска и Потпаролот на МВР Иво Котевски се уште официјално ја немаат потврдено или демантирано оваа информација. Меѓу скопските жители се шпекулира дека полициското комбе со кое бил притворен Сашко Коцев утрово се движело околу барокните објекти во центарот на Скопје и завршило во една од полициските станици во О. Аеродром.
Доколку сите информации до кои дојде Филипијада њуз се вистините, тогаш се очекува Сашко Коцев да биде обвинет за поттикнување меѓувременска нетрпеливост како санкција за нарушувањето на дрескодот на јавните настапи.
Казната која се очекува да ја добие Коцев може да варира од парична до 15 години затвор во зависност од местоположбата на судијата кој ќе решава за овој случај, дали седи на левото или десното столче.

No comments:
Post a Comment