14 April 2012

Научници тврдат: На Марс речиси сигурно има живот


Според новата анализа на податоците од сондата Viking 1, што во 1976 година се спушти на Марс, групата научници од Кек институтот сметаат дека на „црвената планета“ постои живот во форма на микроби. Тие веруваат дека првичниот експеримент, спроведен пред речиси три децении дал неточни резултати, пренесува Daily Mail.
Сегашните анализи покажуваат дека солите во примероците влијаеле врз оригиналните проценки, и дека во нив постојат сили траги на микроби.


Во новото истражување, научниците барале комплексни примероци во земјата - нешто што би можело да наговести постоење на живот, и на нивно големо изненадување тие пронашле такви форми.
„Последните анализи навестуваат постоење на живот на Марс и тие ја подржуваат теоријата дека Viking 1 нашол микроби на Марс“ - изјавува еден од истражувачите од Кек институтот.
Повторната анлализа следува по отривањето на „перхолрати“ во примероците земени од друга локација, собрани од сондата Phoenix во 2008 година, што разбудија сомнежи за контаминација на првичните примероци земени од Viking 1. Сепак научниците се поделени околу заклучоците од истражувањето.
„Пронаоѓањето на органски материјали, не е доказ за живот, ниту пак доказ дека некогаш постоел живот. Тоа единствено е доказ за постоење на органски материјали“ - вели Кристофер Мекеј од истражувачкиот центар на НАСА, Амес.
„Ултимативен доказ би била снимката на непознати бактерии. Потребно е да се прати микроскоп со кој ќе се гледа дали бактериите се движат. Но, врз основа на она што досега го имаме откриено 99 проценти сум сигурен дека на Марс има живот“ - вели Џозеф Милер, од Кек институтот.
И покрај несогласувањата, научниците се надеваат дека во наредните мисии на Марс ќе можат да добијат точен одговор за постоењето на живот на планетата, а тоа би можело да се случи наскоро кога ќе биде лансирана сондата Curiosity.

No comments: