14 April 2012

Марадона: Нејмар е најдобар фудбалер во светот, само ако Меси е од друга планета

Легендата на бразилскиот фудбал пред неколку дена истакна дека Меси не е најдобар фудбалер во светот, бидејќи на таа позиција во овој момент се наоѓа ѕвездата на Сантос, Нејмар.
 
На ваквата провокација сега одговори Марадона, кој верува дека коментарите на Пеле се глупави.
 
“Господе, па тоа се глупости.” – рече тренерот на Ал Васл.
 
“Нејмар можеби е најдобар фудбалер во светот, но само доколку разјасниме дека Меси е од друга планета.”

No comments: