14 April 2012

Јапонскиот Меси има 11 години и игра за Барса


Дека идните асови на европскиот и светскиот фудбал се спремаат во познатата барселонска школа “Ла Масија“, веќе одамна е познато, а новата ѕвезда би требало да биде 11 – годишниот Јапонец Такефусa Кубо.

Младиот Кубо вниманието го привлече кон крајот на минатата година, кога стана првиот јапонски фудбалер кој дојде во Барса и многу брзо го доби прекарот “јапонскиот Меси“.

Луѓето од клубот го забележале додека играл во школата на Барса во Фукиоки, но набрзо се одлучиле да го донесат во “Ла Масија“ за да се развие под најдобри услови и под надзор на тренерот задолжен за работа со млади таленти, кој му го додели дресот со број 10.


Не треба да не чуди ако “јапоснкиот Меси“ за една година се најде во првиот тим на Барса со оглед на тоа дека е познато дека младите и талентирани играчи, добиваат шанса веднаш откако ќе се покажат. 



No comments: