![]()
Цените на недвижностите во Европа полека паѓаат, а во Шпанија веќе три години има драстичен пад на бројот на продадени станови, покажуваат статистичките податоци од неколку европски земји.
Меѓу најскапите градови во Европа се Лондон и Париз. Во Лондон цената за еден квадратен метар изнесува 10.000 фунти (11.800 евра), а во Париз на крајот на минатата година просечната цена на еден квадратен метар беше 7.800 евра. Во Франција, пазарот долго време се одржуваше во нормална состојба, но во моментов се соочува со благ пад. Во првото тримесечје, на оваа година цените паднаа за 0,6 отсто, во споредба со истиот квартал минатата година. Надвор од Париз, просечната цена на становите во првиот квартал изнесува 1.850 евра, поточно во градови со број на жители над 20.000. Во белгиската престолнина, Брисел, седиштето на европските институции, цените во последните три години се стабилни. Во последните три години значително не се менувале - просечната цена на квадратен метар во март 2009 година изнесувал 2.427 евра, а во декември минатата година, 2.424 евра.
Извор:Денар
|
14 April 2012
Колку чини стан во Лондон?
Subscribe to:
Post Comments (Atom)

No comments:
Post a Comment