16 April 2012

Вознемирувачки фотографии: Бебе со шест нозе се роди во Пакистан


Во градот Сукура во Пакистан се роди здраво момченце со шест нозе. Докторите рекле дека бебето и мајката се здрави, но дека треба многу да се внимава околу детето со оглед на тоа дека има голема можност од инфекции.
Таткото на детенцето Имран Шеик, инаку медицински техничар кој работи на рентген, не можел да поверува кога ја слушнал веста.

“Честитам. Вашата жена роди момче. Тие се здрави и живи, но... Вашиот син е здрав, но има шест нозе, наместо две“, рекла медицинската сестра.

Докторите му објасниле дека момчето може да се оперира, но дека е неопходно да го одведат во друг град.

Таткото на момчето немал доволно пари за тој пат, па сега морал да ги одведе дома и жената и детето. Тој се обратил до властите за помпш, па се надева дека ќе му помогнат за да може да му обезбеди нормален живот на детенцето.






Извор:Нетпрес

No comments: